05 Декември, 2025
0.0284

Димковски: Со конкретни мерки создаваме услови за развој на лозарството

Објавено во: Агробизнис 08 Септември, 2019 16:54

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во Кавадарци присуствуваше на традиционалната манифестација Тиквешки гроздобер, со којашто официјално се означува почетокот на бербата на грозје.

Министерот Димковски посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, континуирано ја следи бербата и откупот на грозјето ќе преземе соодветни мерки со цел лозарите да имаат рентабилно производство.

“Ние сме со лозарите и во добро и во лошо, ова е убав настан кој што е традиционален, ние помагаме во развој на оваа гранка. Со конкретни мерки создаваме услови за развој на лозарството како наша стратешка извозноориентирана гранка. Знаете дека моментално е во завршна фаза Законот за вино,каде ќе се даде можност лозарите во домашни услови да произведуваат вино и ракија, олеснети се околностите за акцизи а секако помагаме и преку другите програми, рурален развој ИПАРД и останати“, изјави министерот Димковски.

Изминатиот период Министерството активно работеше на решавање на сите проблеми со кои се соочуваа лозарите. Деновиве се исплатија над 1 милион евра на 6.240 лозари за дополнителната субвенција од 1 денар за предадено грозје регистрирани винарници, со што се  комплетираше исплатата на субвенциите за лозарство за 2018-та година.

Пред почетокот на новата производствена сезона исплатени се 9 милиони евра на 15.208 лозари за основната субвенција за одржување на лозови насади. Државата го исплати и долгот  што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници во регистарот на МЗШВ, го имаа како долг кон лозарите за предадено грозје во 2014 и 2016 година. Се исплатија над 1 милион и 250 илјади евра на 2.048 лозари. Според податоците од Државниот инспекторат досега се откупени над 11 милиони килограми грозје . Откупната цена на вранецот е 12,58 денари за килограм , а на смедеревката 11 денари за килограм.

Во завршна фаза се и измените на Законот за вино, со којшто се олеснуваат условите за производство во малите семејни винарници ќе се воведат нови вински производи, што ќе придонесе и за поголеми приходи за винарските визби и за лозарите, поголем извоз на вино и девизен прилив.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?