Димовски: Догодина ќе има 25 милиони евра субвенции за тутунот
Објавено во: Агробизнис
23 Ноември, 2012
Добивај вести на Viber
Идната година ќе се дадат 25 милиони евра субвенции за тутунот, најави денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски за време на посетата на прилепскиот Тутунски комбинат каде што пред четири дена почна откупот на тутунот.
„Според производителите, реколтата која очекуваме да тежи околу 25.000 тони, е со висок квалитет. Тоа го потврдуваат и анализите“, изјави Димовски.
Тој исто така појасни дека исплатата на преземените количини тутун ќе биде во рок од седум до десет дена.
Во врска со извозот во Народна Република Кина, Димовски рече дека е веќе потпишан протоколот со кинеското ресорно министерство за начинот и условите што треба да ги исполниме за пласман на ориентален тутун на кинескиот пазар.
„Министерството го направи своето. На потег се откупните компании, доколку имаат партнер и го најдат својот инетерес, да извезуваат на кинескиот пазар“, истакна Димовски.
Според Министерот, тутунопроизводството има иднина во Македонија и е значајна земјоделско-индустриска гранка која ќе ја има поддршката од државата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.