14 Мај, 2024
0.0453

Димовски: Европската комисија и годинава позитивно го оцени македонското замјоделство

Објавено во: Агробизнис 20 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Европската комисија (ЕК) во последниот Извештај за напредокот на Македонија нотира прогрес во секторот земјоделство, безбедноста на храната и рибарството. Како што изјави за МИА министерот за  земјоделство, Љупчо Димовски, Комисијата го евидентира зголемувањето на поддршката за рурален развој, спроведувањето на ИПАРД програмата, донесувањето на Националната стратегија за органско производство, реализирањето на програмите за здравствена заштита на животните… - Комисијата како напреднати ги оцени подготовките кои се однесуваат на поставување Интегриран систем за администрација и контрола на политиките на поддршка, акцентирајќи го особено зголемениот опфат на регистрираните земјишни парцели во Системот за идентификација, како и подобрувањето на меѓусебното поврзување на системите и базите на податоците, вели Димовски. Во насока на зголемување на апсорпцијата на ИПАРД средствата, ЕК укажува да продолжи подготовката на новите мерки, техничка помош и рурална инфраструктура, како и кадровското и техничко зајакнување на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Европската комисија го нотира донесувањето на Националната програма за поддршка на земјоделството 2013–2017, на Националната стратегија за органско производство и на Акцискиот план за 2013-2020. Воедно забележува дека за органските производители е обезбедена 30 отсто повисока дополнителна поддршка во однос на конвенционалното производство. Според Извештајот, квалитетот на податоците од Земјоделски информативен систем (ЗИС) и Мрежата за сметководствени податоци на фарма (ФАДН) и нивната валидност постојано се подобрува.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?