Димовски: Годинава земјоделските субвенци се зголемени за 135 милиони евра
Објавено во: Агробизнис 03 Јануари, 2013
Измината година развојот на македонското земјоделство се одвише според плановите и скоро сите земјоделски култури се исполниле очекуваните приноси, додека за 2013 -та се планира зголемување на производството и пронаоѓање нови извозни пазари, вели министерот за земјоделство Љупчо Димовски во интервју за МИА, кој додава и дека земјоделството е трет сектор во македонската економија, тренд кој треба да продолжи и во следните години и уште повеќе да зајакне.
„За следната 2013 година се предвидени дополнително зголемени 135 милиони евра за земјоделците, преработувачите и општо за жителите на руралните средини. Најголем дел од средствата, 115 милиони евра, ќе бидат распределени како директни плаќања за поддршка на приходот на македонските земјоделски стопанства, 60 проценти насочени кон конкурентните и извозно ориентирани земјоделски производи како производството на тутун, зеленчук, овошје, овчарството и козарството, производството на грозје и вино, оризот, органско производство, пчеларство и за воведување на стандарди за квалитет“, вели Министерот.
Во делот на субвенциите тој додава дека остатокот од средствата за директни плаќања е наменет за поддршка на производството на помалку конкурентните, но значајни основни прехранбени производи за населението во Република Македонија како што се житните култури, кравјото млеко и поголемиот број индустриски производи кои според него, без државна поддршка значително би го намалиле обемот на нивното производство.
Министерот посочи дека според определбите на Националната програма за развој на земјоделството и рурален развој за период 2013-2017 година, следната година значително, дури за три пати во однос на лани ќе биде зголемен износот за поддршка на мерките за рурален развој кој ќе изнесува 20 милиони евра,.
„Финансиска поддршка на земјоделството во изминатите неколку години имаше позитивно влијание на зголемување на обемот на производството кај конкурентните, извозно-ориентираните земјоделски производи со различен интензитет по подсектори, како и на задржување на постојниот обем на производство кај подсекторите со помала конкурентност во однос на странските производи. Заради зајакнување на влијанието, веќе поставените мерки на финансиска поддршка се модифицираат за потаргетирано стимулирање на постигнување подобрени производни резултати, односно зголемен обем на производство и поголем квалитет“, истакна Димовски .Тој очекува натамошно зголемување на обемот на произвоството со паралелен раст на извозот на македонските земјоделски производи на странските пазари како и извоз на поголем број нови брзорастечки пазари на кои сега не сме доволно застапени.
„Со цел обезбедување одржлив развој на руралните средини, зајакната улога во однос на претходниот период ќе се обезбеди преку поддршка на инвестициите за модернизација на земјоделските стопанства, постигнување стандарди кај преработувачките капацитети и особено подобрување на руралната и маркетинг инфраструктура. Големо внимание ќе се посвети и на рехабилитација и проширување на системите за наводнување. Релативното учество на овие субвенции во вкупните финансиски средства за поддршка на земјоделството и руралниот развој (од национални и ЕУ фондови) ќе се утростручи од 9% во 2012 на најмалку 25% во 2017 година“, најавува Димовски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.