Димовски на одбележувањето на Денот на тутунските работници во Прилеп
Објавено во: Агробизнис 04 Април, 2013 13:33
На шест најдобри тутунопроизводители и на 41 успешен тутунар денеска во Прилеп им беа врачени признанија и награди за достигнувањата во производството на оваа индустриска култура, по повод 4 април-Денот на тутунските работници и на производителите.
Воедно Сојузот на тутунските здруженија која ја организираше свеченоста одбележа и 60 години постоење. На денешен ден 140 години од постоењето одбележува и Прилепскиот тутунски комбинат, основоположникот на тутунската индустрија во Македонија.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски обраќајќи им се на тутунарите нагласи дека околу 22 отсто од земјоделците во државата се посветени на производството на ориенталниот тутун, а извозот е 3,2 насто од бруто домашниот производ.
- Во 2012 година се склучени 29.090 договори за производство на тутун, што е работа за 30 илјади семејства, а во тутунското стопанство работат 3.000 лица и околу 2.000 сезонски работници. Тутунскиот сектор директно влијае врз економијата во државава, зашто 30 отсто од буџетот се полни од работењето на тутунските компании по основ на даноци и други давачки, рече Димовски.
- Согласно националната програма до 2017 производството на тутун ќе се поддржува со 60 денари за секој произведен и откупен килограм тутун, а од 2014 поддршката ќе биде условена со воведени принципи за добра земјоделска практика, истакна Димовски.
Тутунот е исплатлив потврдуваат производителите. Еден од наградените Ицко Митрески од Мало Коњари произведува седум декари тутун, останува со тутунопроизводството за кое вели дека е исплатливо, особебно со владините субвенции од 60 денари за килограм.
Првонаградените тутунари на денешната пригодна свеченост добија машини за нижење тутун, а беа поделени и други соодветни награди за најуспешните тутунари во земјава.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





