26 Ноември, 2024
0.0326

Димовски: Програмите за двата вида настава требаше да бидат на увид на наставниците, родителите и учениците уште во јуни

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 19 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Препораките и одлуките за двата вида настава, он лајн и физичка настава многу доцна доаѓаат, вели Владо Димовски од Центарот за толеранција и доживотно учење.

Димовски објаснува дека ваквите препораки односно програмите за двата вида настава требаше да бидат на увид на наставниците, родителите и учениците уште во јуни месец со завршување на второто полугодие од учебната 2019/20 година.

„Програмите за видовите на наставата требаше да бидат изготвени многу порано за навремено започнување на наставата од било кој вид. Во глобала образованието во Македонија според резултатите од меѓународните натпреварувања повеќе години е на стаклени нозе. Концептот на македонското образование мора да претрпи коренити промени ако сакаме барем малку да се приближиме до образованието кое го имаа учениците пред 20-тина години. И учениците и родителите, па и наставниците во ваква ситуација многу тешко ќе се снајдат со двојните начини на почеток на наставата. Најдобриот начин секако дека е физичката настава, но во вакви услови за он лајн наставата секако дека е најпогодна, но задоцнетите подготовки ќе ги дадат лошите резултати на крајот од учебната година“, вели Димовски.

Според него, повторно образовните институции ќе се соочат со трката за оценки во пролетните месеци, со трката да се наполнат гимназиите со ученици за сметка на стручните училишта од кои треба да произлезат кадри за македонската индустрија.

Вели дека Македонија во последниве години стана извозник на нестручен кадар млади луѓе кои по светот работат општи тешки работи наместо да испорачува стручни кадри кои се попотребни овде, но нив ги нема. Образовната политика во македонското образование подолг период е на најниско ниво.

„Уписната политика мора да се смени поготово во средните училишта бидејќи целокупното стопанство и индустрија за многу кусо време ќе крахираат за стручен кадар. За да имате добри кадри во индустријата треба да имаме добро образование, за да имаме добри лекари прво треба да имаме добро образование, за да имаме добар кадар за потребите на индустријата во Македонија треба да имаме добро образование. Сето тоа во моментов го немаме благодарејќи на немањето реформи во образованието. Прочитав едно истражување на Светска банка дека децата во Македонија за 11 години учење имаат знаење како за 7,3 години, што значи доцнат за скоро цели четири години што е погубно за развојот на децата и катастрофално за образованието. Кога тоа ќе го надоместат? Јас не сум убеден дека со вакво темпо на реформи во образованието дека за 8 до 10 години може македонското образование да се врати барем донекаде на патиштата на правото образование кое треба да го имаат децата. Образованието е темелот на државата, ако темелот не е здрав како да очекуваме државата да биде здрава“, рече Димовски.

Наставниците ќе поминат обука за да можат да држат настава он лајн.

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека ограничувањето на бројот на ученици во училиштата, односно следење на наставата со физичко присуство само на паралелки од прво до трето одделение се презема за да се заштити здравствениот систем од преполнување на болниците во случај на зголемување на бројот на заболени од сезонски грип и од Ковид-19. Ако состојбата е добра, ќе може да се размислува и за физичко присуство и на другите одделенија во училиштата.

Многу македонски училишта побараа настава со физичко присуство, а инспекторите ќе ги исконтролираат.

Сања Атанасовска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ВАЖНА ВЕСТ ЗА СИТЕ НАШИ ШТО ЖИВЕАТ ВО ЕМИРАТИТЕ: Нема потреба да менувате возачки, македонските од сега важат и во ОАЕ

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

ШТЕКЛИ ВРАБОТУВА! Бара професионално обезбедување, му требаат четири лица а ќе ги плаќа 3.000 евра по човек!

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав