Димовски: Субрата Рој ја уплати банкарската гаранција за Џумајлија
Објавено во: Агробизнис
13 Јули, 2013 16:10
Добивај вести на Viber
Индиецот Рој веќе ја уплати банкарската гаранција за Џумајлија. Министерот Димовски информираше дека вкупната инвестиција што се планира е 200 милиони евра.
„Ние ја поддржување секоја инвестиција која ќе придонесе за развој на земјоделството. Компанијата ја уплати банкарската гаранција, со која ќе треба да се гарантира почетокот на инвестицијата. Нашиот интерес го гледаме во отворањето на нови работни места и развој на сточарството. Уште утре лица од МЗШВ ќе излезат на терен за да се започне процедура за давање во владение на земјиштето. Господинот Рој најави дека тој ќе најмни своја геодетска компанија од Индија. Според тендерската документација на површината од над 5.000 ќе се произведува добиточна храна, и во следните три години се очекува производство во висина од 75.000 тони.
Во првите 18 месеци закупецот има обврска да донесе 8.000 крави, а за три години 20.000 крави. Производството на млеко треба да изнесува 80.000 литри дневно, и сметам дека тоа е изводливо. На почетокот да вработи 900 луѓе а за три години 2.000. Вкупната инвестиција е 200 милиони евра, и тоа во првите 18 месеци 60 милиони евра,од 18-от до 20-от месец 70 милиони евра и од 27-от до 36 -от месец 70милиони евра"- изјави Љупчо Димовски министер за земјоделство.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?