Добивај вести на Viber
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска оствари средба со земјоделците од прилепските села и направи увид за штетите од невремето кое го зафати овој реон. Димовски истакна дека стручна комисија ќе излезе на терен и ќе направи увид на штетите кои ќе ги пријават граѓаните, а извештаите ќе бидат пренесени до владина комисија.
„Министерството во целост го разбира проблемот на тутунопроизводителите. Сите мерки во согласност со законот се преземени од општината во делот со процената на штетите, рокот со кој тоа ќе се изврши, подмирувањето на потребната документација преку Советот и доставувањето до првостепената комисија на Владата каде ќе се донесе одлуката за висината на обештетувањето, поткрепена со конечната владина одлука“, изјави Димовски.
Во невремето кое пред два дена ја зафати Македонија, во пелагонискиот дел имаше големи штети на посевите. Во битолско настрадаа посевите со јачмен и сончоглед, во струмичко настрадале пиперките и доматите, како и дел од овошките, додека невреметото најмногу последици остави во прилепско каде целосно е уништен тутунот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: