04 Декември, 2024
0.0260

Димовски:Македонија има поголема потреба од пченица отколку за брашно

Објавено во: Агробизнис 11 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Македонија има отворен, либерален пазар и има поголема потреба од пченица, отколку потреба за брашно, истакна денеска министерот за земјоделство Љупчо Димовски запрашан за увозната „зависност“ на земјава од пченица од други држави. „Преку увозот на пченица цениме дека ќе го ставиме во кондиција млинскиот сектор, а доколку се продолжи праксата на увоз на брашно тој сектор ќе остане без работа со што ќе се јават економски и социјални проблеми. Патем, секоја пратка пченица што ќе ги задоволува критериумите за безбедност на храна ќе може да се стави во промет, а останатото ќе биде надвор од промет. Во таа смисла ние ќе продолжиме со почитување на законската регулатива и грижата за здравјето на граѓаните-потрошувачи. Млинскиот сектор нема да да дозволиме да биде ставен на колена или некој да го потценува“, одговори министерот Димовски. Македонските институции деновиве се под силен притисок на српските медиуми кои обвинуваат дека земјава намерно го кочи увозот на српска пченица. Претходно од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека во дел од количините српска пченица увезени во февруари годинава, суперанализите потврдиле зголемено присуство на олово односно вкупната количина во која се пронајдени токсични материи е 536 тони и 480 килограми.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.