Добивај вести на Viber
Откако ги исполни сите потребни технички предуслови и повторно ја подигна мрежата за прифаќање на Diners картичките на продажните места, Erste Card Љубљана, новиот носител на франшизата на Diners за Словенија, во соработка со своите партнери, овозможи повторно користење на услугите на Diners Club во Словенија.
Erste Card на досегашните словенечки членови им понуди нови Diners картички, кои ќе можат да ги користат на сите продажни места во светот.
Во мај месец оваа година, Централната банка на Словенија на бизнисменот Томаж Ловше и неговата компанија Findale, која беше 100% сопственик на Diners Club Словенија им ја одзеде дозволата за вршење на платен промет.