ДИРЕКТНИ ЛЕТОВИ ДО САРДИНИЈА, МИКОНОС И ФИРЕНЦА: Следното лето Ер Србија со дестинации
Објавено во: Балкан 11 Декември, 2024 19:02
Националната авиокомпанија Ер Србија денеска соопшти дека следното лето ќе воведе директни летови меѓу Белград и островите Сардинија и Миконос, а по пауза од повеќе од една година ќе воспостави летови и до Фиренца.
Од 18. април 2025 godina ќе бидат воспоставени летови меѓу Белград и Фиренца, а од 6. јуни меѓу Белград и Миконос и од 10 јуни меѓу Белград и Алгеро на Сардинија.
Ер Србија ќе лета за Миконос и градот Алгеро на Сардинија двапати неделно со авиони Ербас А319 и Ембраер Е195, додека АТР 72-600 од регионалната флота на компанијата ќе лета за Фиренца, а билетите се веќе пуштени во продажба.
Директорот за комерцијални и стратегии на „Ер Србија“, Бошко Рупиќ потсети дека компанијата претходните години летала за Сардинија и Миконос во соработка со партнерски туристички агенции и дека тоа се чартер летови.
„Сега се создадени услови да летаме до овие две популарни дестинации во редовен сообраќај во текот на летната сезона. Дополнително, повторно ги воведуваме директните летови до Фиренца, што ќе биде нашата десетта точка во Италија до која летаме“, рече Рупиќ.
фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




