Добивај вести на Viber
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, инаку под надлежност на Министерството за економија, си поднесе оставка.
Ова го објави Љупчо Јаневски, кој долги години беше на чело на оваа државна институција која го промовира и субвенционира туризмот во Македонија.
„Почитувани, Би сакал да Ве известам дека од денеска повеќе не ја извршувам функцијата директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Сакам да се заблагодарам на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката.
Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред!“, напиша Јаневски.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.