23 Ноември, 2024
0.0287

Директорот на болницата „ПЛОДНОСТ“ бара помасовно тестирање за коронавирусот

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 02 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Со пост на Фејсбук, директорот на болницата „Плодност“ од Битола, Таше Трпчевски,  го повика министерот за здравство Венко Филипче да спроведе масовно тестирање бидејќи имаат заразени од персоналот на болницата.

-Не уште двајца, туку тројца од персоналот се позитивни на корона вирус од Болница „Плодност“. Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гиеколог и една медицинска сестра. Анестезиологот и медицинската анестезиолошка сестра пред три дена само еден ден имаа температура и блага кашлица Јас побарав да им се земат брисеви. Побрав да се земат брисеви и од неколку вработени кои кивнале.Сакам да се земат брисеви од сите вработени.Институтот за јавно здравје прави проценка и не сака да земе на сите. Анестезиологот и медицинската сестра само еден ден беа фебрилни, сега се здрави и немаат ништо. Барав за гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, заради тоа што има епидемиолошка анамнеза. Тој е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата).Тој е асимптоматски носител.Тие се најопасните како сите вие кои што не знаете можеби дали сте таков носител.

Од таму апелирам до министерот: Министре оставете ги препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптомтските пациентки и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза.

Гледате што се случува, умира медицински персонал, доктори, сестри техничари и друг персонал. Ние здравствените лица сме на прва борбена линија на фронтот и немаме право да заминеме да се повлечеме од фронтот. Затоа почитуван г-дин Министре, мислам дека е потребно помасовно тестирање на пациентите за да ги откриеме асимптоматските носители на вирусот. Така ќе се створи малку поголема паника, но ќе го спречиме ширењето на вирусот. Сеуште не е касно, имаме уште малку време се додека не се “скрши здравствениот систем“, кога возот ќе замине низ брдо, а ќе треба секојдневно да се објавувате повеќе смртни случаеви од новозаболени, пишува денеска Таше Трпчевски на фејсбук сраницата на „Плодност“.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип