Директорот на дебарската болница, д-р Алили за Фактор: Мојата сопруга работи во лабораторија, затоа доби награда од 14.000
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2021
Меѓу наградените во Општата болница во Дебар е и сопругата на директорот д-р. Баки Алили, заради што не стивнуваат реакциите во јавноста. Списоците на наградени вработени во оваа здравствена установа беа објавени вчера, по што следеа лавина реакции и во однос на ова прашање се бара преземање мерки, пред се од Министерството за здравство.
Директорот на Општата болница во Дебар, денеска во разговор за Фактор појасни како се распределени паричните награди за вработените во таа здравствена установа. Вели дека не е точно, како што вече објавија некои медиуми дека на листата постојат имиња кои не се вработени во болницата.
Освен тоа, како што потенцираше, тој
самиот не одлучува кој од вработените ќе добие награда, бидејчи листата ја
прави Комисија во рамки на Општата
болница Дебар, во чиј состав се одговорниот на Инфективното одделение, главната
сестра, правникот и и тој како директор. Еднократната награда не е дадена
никому туку така, сите се вклучени, вели директорот Алили.
-Сопругата моја работи во болницата, односно во лабораторија. Освен тоа, таа е и нашиот правник која ги координира сите работи. За наградата за Ковид-19 постои листа, која не ја составувам јас, туку постои Комисија која одлучува. Најодговорно тврдам дека сите кои се инволвирани во оваа 10-месечна криза добиле награда, односно финасиска помош. Ако не биле на листата во првата група наградени, сега се на листата во втората група. На пример, во првата група, мојата сопруга не доби награда во првата група, затоа е ставена сега на листата и доби 14.000. Јас исто така не бев во првата група, а 24 часа сум во болницата. Оние вработени пак, кои се директно инволвирани во Ковид-центарот, тие сега втор пат добија еднократна награда. Техничкиот персонал, на пример во лабораторија, каде што е мојата сопруга земаа по 14.000, а тие што се во Ковид-центарот добија по 30.000 денари. Дури и оние вработени, чии имиња беа напишани дека за нив нема помош, вчера ми реагираа зошто се споменати во текст. И самите ме прашаа, „Директоре, што е работава, ние земавме награда во првата група“. Значи, направена е комбинација, за да бидат сите наградени, вели директорот Алили за Фактор.
Анита Буховски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.