ДИРЕКТОРОТ НА МКЦ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Паднавме на Дино Мерлин-Русе Арсов со детално образложение за оставката
Објавено во: Македонија 30 Декември, 2021 14:21
Директорот на
Младинскиот културен центар, Русе Арсов денеска соопшти дека се
повлекува од функцијата вршител на должност-директор на Јавната
установа Младински културен центар.
Во подолго соопштение до јавноста информира дека се одлучил на ваков чекор од здравствени причини, но го споменува и новогодишниот настап на Дино Мерлин 2020 година, откако вчера Антикорупциската комисија објави дека отвора предмет бидејќи МКЦ со организирање на прославата на плоштадот во Скопје, го прекршил Законот за јавни набавки.
-По три ипол години, премногу љубов, страст и жар –не издржа срце јуначко па од здравствени причини ќе морам самиот да се повлечам од оваа функција. Вчера беше претежок ден за сите нас. Најпрво од медиуми дознавме дека сме криминалци и дека има предлог за тоа да бидеме гонети. А потоа и дека наградата за успешното работење изминатиот период е претставена преку намалување на буџетот за програма за 50 %.
Другари,
Последните три и пол години МКЦ реализираше: најубави кинопроекции на кров на ГТЦ, во Парк, на Езерце, а го направивме и најголемото кино на отворено со проекцијата на „Исцелител“ во Градски парк. Отворивме нова градска летна сцена во Паркот МКЦ, отворивме три графити и стрит арт галерии, а цртавме мурали и во Ибни Пајко. Ја поведовме иницијативата „Култура во време на корона“,која беше пример и поттик и за другите регионални метрополи, МКЦ стана членка на ФИАФ, стана членка на Лајвјуроп. Беше дел од уште неколку европски проекти и програмски соработки, а беше домаќин и на Урсула фон дер Лајен J Секако ги реализравме фестивалите, МОТ, Синедејс, Здраво Млади... Ги реновиравме и тоалетите во МКЦ J Само во 2021 и покрај пандемијата преку 650 реализирани настани. Пополека стануваме препознатливи и по поддршката на независната театарска сцена… Ги донесовме Лиза Жерар во Филхармонија, Љубомир Мелник во Пошта…
И да, паднавме на Дино Мерлин. Ох судбо клета!
И додека ги градевме убавите работи, четири години континуирано се дружевме и со Финансиска полиција, и со јавно обвинителство, и со разни ревизии… Се вадеа документи, се уништуваа животи… а на крај едно по едно обвинувања завршуваа како неосновани.
Затоа ДА, ве молам слободно затворете го веќе и овој предмет Дино Мерлин. Уверен сум дека нема никаков криминал ни таму, а од последниве години го научивме и гадното чувство на обвинување – па затоа, ајде ве молам.
Денес се повлекувам само од функцијата Вршител на должност Директор. Но останувам во МКЦ, имам уште еден одличен повод за тоа – да помогнам заедно да го направиме јубилејот кој толку гордо го чекаме – 50 години МКЦ.
За следниот Директор само да го охрабрам: Не грижи се, МКЦ не е загубар!
МКЦ и покрај пандемијата, кога сериозно беа намалени приходите од влезници и производи, и кога сериозно беа намалени дотациите за режиските трошоци, успеа со максимум од своите можности да ја даде својата поддршка на целата независна сцена – и на крај повторно да ги плати сите свои сметки и да забележи позитивно финансико работење. Па така, во следната јубилејна година да пренесе сопствени средства во висина од 4.000.000 денари, и уште толку се’ уште ненаплатени побарувања. За оние кои раководат културни институции јасно им е дека ова е сума за почит, на што сме посебно горди.
Ја користам оваа прилика, да им се заблагодарам на сите мои колеги кои и после сите притисоци успеаја да останат најголеми професионалци. Другари фала ви на доверба и поддршка!
И бидејќи никогаш претходно не го направив ова, Фала и на сите соработници, гости и пријатели, кои јавно ја даваат својата поддршка на нашето работење, но и кои не потпаднаа на сите клевети, и лаги и гадости кои беа за мене и за нас како МКЦ јавно изнесувани, пишува Арсов во соопштението.
ФОТО: МКЦ.мкМожеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




