06 Декември, 2025
0.0310

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Објавено во: Економија 06 Декември, 2025 06:25

Добивај вести на Viber

Генералниот директор на НИС, Кирил Тјурденјев, повторно им се обрати на вработените, осврнувајќи се на новосоздадената ситуација поврзана со последната лиценца на ОФАК, која ѝ даде на компанијата рок до 13 февруари 2026 година за промена на сопственичката структура. Како што истакна, овој процес го водат акционерите, кои во моментов преговараат со неколку заинтересирани партнери.

Тјурденјев нагласува дека главната задача на менаџментот е да ја одржи стабилноста на бизнисот во услови на неизвесност. Рафинеријата, како и ХИП Петрохемија, се привремено надвор од работа поради недостаток на сурова нафта, додека пазарот се снабдува со деривати од претходно формирани залихи. Сегментот на нафтениот сектор продолжува да работи во редовен режим.

Тој, исто така, изјави дека постои можност за добивање нова лиценца на ОФАК што би ѝ овозможила на компанијата непречено да работи за време на преговорите за промена на сопственоста. Во тој случај, НИС би бил подготвен да ја рестартира работата на рафинеријата за краток временски период. Компанијата, како што вели, тесно соработува со државните власти на Србија и ја има нивната поддршка.

Тјурдењев им рече на вработените дека ја разбира загриженоста поради моменталната неизвесност, но и дека останува посветен на заштитата на нивните интереси. Тој потсети дека платите биле исплаќани однапред во текот на целата година со цел да се избегнат евентуални проблеми, а платата за декември била исплатена денес заедно со сите бонуси и премии.

На крајот, им се заблагодари на вработените за нивната посветеност и одговорност, нагласувајќи дека нивната работа е најважниот столб на целата компанија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството