Директорот на тетовската болница Бесими си поднесе оставка
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 10 Септември, 2021
Оставка за трагедијата која го потресе Тетово.
Директорот на тетовската болница Флорин Бесими поднесе оставка, по завчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово. Дека поднесува оставка објави на социјалните мрежи.
„Почитувани граѓани, почитувани тетовчани. Дозволете ми во мое име и во име на сите вработени од Клиничката болница на Тетово да изразам уште еднаш сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан што се случи во модуларната болница за Ковид-19 во Тетово. Како доктор, кој цел мој професионален живот сум го посветил во лекување на моите сограѓани и како прв човек одговорен во Клиничката болницата во Тетово, со која раководам последниве години, чувствувам морална и етичка одговорност од страшниот настан во кој згаснаа човечки животи. Почитувани, со голема тага за секоја жртва и за секој член на нивното семејство, Ве информирам дека, поради оваа морална одговорност која ја чуствувам, давам оставка од раководното место директор на Клиничката болница Тетово. После овој трагичен и несреќен настан, оваа одлука е неминовна. Во исто време, се надевам дека ќе заврши што побрзо целосната истрага и ќе се утврдаат причините за пожарот во модуларната болница во Тетово за пациентите со Ковид -19. Мојата оставка нема да ги утеши семејствата, но верувам дека ќе постави една морална линија, која сите како општество сме ја заборавиле.
Загубата на човечки живот во една ваква состојба е голема трагедија. Функцијата не е пред достоинството и човечноста. На повредените им посакувам побрзо да закрепнат! Јас, со целосна доверба целиот мој живот сум го посветил за здравјето на граѓаните и на нашето општество. Изразувам почит и сочувство кон моите тетовчани, и останувам во нивна постојана услуга“, пишува тој.
Институциите преку истрага ќе утврдат што го предизвика пожарот.
foto Facebook
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.