Дишеме загаден воздух, кои градови се најкритични?
Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2016
Мерењета за квалитетот на воздухот покажуваат дека во повеќе населени места во Македонија, граѓаните дишат загаден воздух.
Загаденоста на некои места е и до пет пати над дозволеното.
Најголемо загадување според податоците на мерните станици е регистрирано во Куманово, каде нивото на ПМ честички во воздухот било 270 милиграми на метар кубен, што е пет пати над дозволеното.
На второ место по загаденост е Лисиче, со 200 милиграми на метар кубен, а на трето место е Тетово со 180 милиграми.
Моментално најзагаден е воздухот во Лисиче и Миладиновци, а помалку загаден е во Тетово, Куманово, Центар, Гази Баба и Карпош.