Дива коза во Македонија се продава од 3.000 до 12.000 евра
Објавено во: Агробизнис 01 Март, 2013
Високо ловниот туризам веќе заживува во Македонија.Се повеќе странци ја посетуваат земјата со намера да уловат див јарец или дива свиња, но особено атрактивен е прелетниот дивеч.
- Со воведување најдобри практики, Република Македонија има за цел да го задржи националното богатство, дивечот, овозможувајќи побрз напредок на руралните средини и преку туризмот, промоција на нејзините природни убавини и културни вредности, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, отворајќи го форумот на Меѓународниот совет за дивеч и дивиот свет.
Во земјава има 256 ловишта. Од вкупно 130 видови определени како дивеч согласно Законот за ловство, под трајна заштита се 83, со ловостој се заштитени 33 видови, додека без заштита се 14 видови. Уште 139 видови диви птици се трајно заштитени со правилник.
- Законот за ловство дополнително ги зајакна законските одредби за управување со дивечот, особено мерките за нивна заштита преку воведување трајна забрана за ловење определени видови, генерален систем за заштита и трговија, систем на дозволи за ловење, ловостој, забрана за ловење на начин и со средства со кои дивечот масовно се уништува, ноќно време, за време на поплави, големи снегови, непогоди и пожар, со стапици, мамки и други средства за мамење, отрови..., предвидување исклучоци за застрел поради евентуална појава на болести, регулирање на внесувањето алохтони видови, изјави министерот Димовски.
Последните 10 години интензивно се работи на развој на ловниот туризам. Резултатите се повеќе од очигледни. Девизниот прилив влегува во Буџетот преку концесиите, а дел од планираниот годишен застрел се реализира исклучиво преку висок комерцијален лов од странски ловци, истакна Војо Гоговски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Цените на ловечките трофеи се берзански. Од некои видови, како дивокозата, може да се продадат за 3.000 до 12.000 евра.
Во фокусот на дебатата е заштитата на балканскиот рис кој во Македонија е трајно заштитен. Казните за негово ловење се од 15.000 до 30.000 евра. Последниот застрел кој бил ненамерен, од незнаење, е евидентиран пред 10 години.
- Рисот живее во северозападниот дел на Македонија, бара исклучителен мир, густи шуми, екосистем кој со сигурност нуди храна. Кај нас се регистрирани повеќе од 80, но со мерките за заштита, бројката ќе се зголеми, а ќе се прошири и реонот што ова животно природно го населува, нагласи Гоговски.
Форумот на кој учествуваат околу 70 експерти од 15 земји, го организираат Интернационалниот совет за заштита на дивиот свет и дивечот, ЈП за управување и заштита на повеќенаменското подрачје Јасен и Македонското еколошко друштво.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.