10 Април, 2025
0.0318

ДИВИ СВИЊИ СЕ СИМНУВААТ ДО ДВОРОВИТЕ ВО ЦРНИЧЕ, ВЕЌЕ СЕ НАПАДНАТИ И МИЛЕНИЦИ - граѓаните живеат во страв, надлежните си ја префрлаат топката

Објавено во: Македонија 25 Септември, 2022 18:31

Добивај вести на Viber

Жители на скопската населба Црниче со денови живеат во страв за себе и за своите миленици, бидејќи диви свињи се симнуваат од шумата и се доближуваат до нивните дворови. За загриженоста да биде уште поголема, досега се регистрирани и неколку случаи на нападнати и повредени миленици, а некои од нив, како што сведочат овие граѓани, завршиле и фатално.

Како што објаснува еден скопјанец од населбата Црниче кој бараше да остане анонимен, досега тие се обратиле кај неколку надлежни институции, но епилогот на сите одговори што ги добиле е само префрлање на топката и прогласување на сопствена недалежност.

Овие граѓани се прашуваат дали можеби треба некој некој наш сограѓанин да настрада, па институциите потоа задоцнето да се зафатат со решавање на проблемот.

„Живеам во населбата Црниче, под игралиштетето на Славија, повеќе од 30 години, но ова што во последните две години го гледам, досега го немам видено. Имено, повекје пати се случувало да наидеме или да забележиме стада од диви свињи во ниските делови од шумата, кои се движат во непосредна близина на игралиштето на Славија и куќите. Токму таму постојано се присутни голем број на граѓани, но и деца кои играат на самото игралиште, или, пак, се движат нагоре по патеките поради рекреација“, вели еден наш сограѓанин.  

Тој дополнително објаснува дека дивите свињи се симнуваат до самото игралиште, и тоа во време кога тоа е буквално преполно со деца во претпладневните часови, но и млади кои седат до доцните вечерни часови, како и граѓани кои ги носат на прошетка своите миленици. 

„Овде се одржуваат тренинзи и натпревари кои ги следат граѓани од трибините над самото игралиште. Свињите се забележуваат како се движат во стада до игралиштето, доаѓаат до самите трибини“, вели нашиот соговорник.

Но, кулминацијата била достигната кога токму на тоа место минатата ноќ неговиот миленик бил нападнат од дива свиња.

„Таа во еден момент разбеснето се затрча од пошумениот дел и му се нафрли, нанесувајќи му убоди и повреди на ногата. Можев да бидам нападнат и јас или било кој друг кој би се нашол таму во тој момент“, вели овој скопјанец.

Тој додава дека напади од диви свињи се имаат случено и на милениците на неколку негови соседи, во непосредна близина на Сеизмолошката станица, каде е населен дел, и има голема раздвиженост од граѓани, при што милениците им биле раскинати или пак со тешки повреди.

Вели дека дивите свињи во ноќните часови се симнуваат до самите дворови, во потрага по храна и овошки кои паѓаат од дрвата. 

„Големото присуство на овие диви животни го потврдува и раскопаната земја од нивното риење, кога доаѓаат до дворовите и куќите на овој дел од населбата“, објаснува нашиот соговорник.

Тој нагласува дека овој застрашувачки случај го пријавил во повеќе институции, како што се Центарот за управување со кризи, Македонски шуми, Агенцијата за храна и ветеринарство, но од сите добил одговор дека не се надлежини за ваков проблем.

Наредна дестинација до која планира да се обрати е скопската градоначалничка Данела Арсовска.

„Се прашувам, дали треба да настрада човек, или да настане некој поголем проблем за да се преземат мерки за решавање на оваа ситуција“, посочува овој наш загрижен сограѓанин.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ВРЕМЕ Е ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ“: Клакочар Зупанчич од Скопје порача дека влегувањето мора да се случи брзо

„ВРЕМЕ Е ДА НИ СЕ ПРИДРУЖИТЕ ВО ЕВРОПСКИТЕ ИНТЕГРАЦИИ“: Клакочар Зупанчич од Скопје порача дека влегувањето мора да се случи брзо

СИНДИКАТИТЕ СЕ СКАРАА ОКОЛУ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР - ССМ и КСС со спротивни ставови по средбата во Владата

СИНДИКАТИТЕ СЕ СКАРАА ОКОЛУ КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР - ССМ и КСС со спротивни ставови по средбата во Владата

ЗЕМААТ ПЛАТА ОД 57 ДО 67 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, АМА ЛАЖАТ ДЕКА НАМЕСТО ДРОГА ЗА ЗАТВОРЕНИК, БАРААТ СКАП ЧАСОВНИК - кој им поверувал на полицајците дека го однела кучката Цеца

ЗЕМААТ ПЛАТА ОД 57 ДО 67 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ, АМА ЛАЖАТ ДЕКА НАМЕСТО ДРОГА ЗА ЗАТВОРЕНИК, БАРААТ СКАП ЧАСОВНИК - кој им поверувал на полицајците дека го однела кучката Цеца

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА АРИФИ И НЕГОВИОТ ПОСРЕДНИК - барал 100 илјади евра, а земал 20 илјади, сега заврши зад решетки

30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА АРИФИ И НЕГОВИОТ ПОСРЕДНИК - барал 100 илјади евра, а земал 20 илјади, сега заврши зад решетки

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

Петар Богојески стана директор, ќе управува со парите од „Еразмус“

ВМРО-ДПМНЕ: Шест лица од Кочани биле повикани на разговор во полиција

ВМРО-ДПМНЕ: Шест лица од Кочани биле повикани на разговор во полиција

Муцунски прими на средба Македонци со забранет влез во Грција

Муцунски прими на средба Македонци со забранет влез во Грција

ТРЕНДАФИЛОВ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ПРЕД ВЛАДА И ИСПРАТИ ПОРАКА: Одиме да прашаме до кога работниците ќе чекаат зголемување на плата!

ТРЕНДАФИЛОВ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА ПРЕД ВЛАДА И ИСПРАТИ ПОРАКА: Одиме да прашаме до кога работниците ќе чекаат зголемување на плата!

Обвинителството предложи притвор, Арифи барал поткуп од 100.000 евра

Обвинителството предложи притвор, Арифи барал поткуп од 100.000 евра