Дивиденден Аристократ
Објавено во: Анализа 11 Март, 2013 07:53
На почетокот на 2010 години сте можеле да ја купите оваа акција за цена од 420 денари. Оттогаш па до денеска ќе сте зеле 214 денари дивиденда и ќе сте направеле капитална добивка од 100 денари.
Вкупно некаде околу 300 денари по акција чиста добивка. Тоа е профит од повеќе од 70% за нешто повеќе од три години. Е па сега нека каже некој дека на нашата берза не може да се заработи. За жал многу инвеститори (вклучувајќи го и авторот, кој земаше дивиденди меѓутоа никогаш не ја додржуваше акцијата) во потрага по побрза заработка, повеќе игра и адреналин го пропуштија она што ТЕЛ можеше да го понуди. Нормално причината за тоа е дека секогаш кога ќе купите Телеком треба да чекате цела една година до нова дивиденда, а во меѓувреме акцијата полека се движи и се плашите дека баш кога ќе тргне берзата на Вас ќе ви требаат пари. Но, кај нас берзата никогаш не тргна и никакви игри не беа потребни, доволно беше еднаш во годината да отидете на шалтер на банка по дивидендата.
Оваа компанија имаше среќа да има привелигирана позиција на пазарот и во еден период да има исклучително неспособна конкуренција, која и овозможуваше да работи со профитни маржи како Карлос Слим во Мексико. За среќа на потрошувачите тоа веќе не е така и како што може да се види низ годините приходите на Телеком паѓаат, додека на конкуренцијата растат. За забележување е дека конечно оваа година ВИП операторот ќе има симболичен, но конечно некаков профит, што би рекло ќе може да се пофалат дека се конечно нето-профитабилни. Другиот конкурент продолжува да реди загуби, па така според извештајот на мајката компанија 2012-та ќе ја завршат со седум милиони евра загуба, што е поблаго од катастрофалната 2011 година.
Да се вратиме назад. Значи оваа година Телеком ќе подели 65,46 ден, дивиденда по акција. Овој износ е од неконсолидираниот извештај на компанија за 2012 година (компанијата вади неколку сетови извештаи). И тој извештај треба најмногу да ве интересира кога правите анализа, за оваа работа. Ова е битно да се знае бидејќи низ медиумиве одеа информации дека Телеком дели повеќе од што заработил во 2012 година. Значи да објасниме: Компанијата добивката ја дели од она што фиксната телефонија го донела во 2012 година и од дивидендата која дошла од Т-Мобиле во 2012, а била добивка за 2011 година. Што би рекло влијание на дивидендата во 2013 година ќе има добивката на Т Мобиле за 2012 година.
Кога компаниите дефинитивно ќе се спојат ќе биде многу попросто, бидејќи ќе има само еден извештај.
Не е спорно дека златните денови на профит на компанијата се пројдени. И тоа е добро за нас како потрошувачи. Конечно добро е што компанијата со атрактивни понуди привлекува се повеќе претплатници, посебно за МАКС ТВ пакетот, кој објективно е супериорен во однос на конкуренцијата. Со знаењето кое го имаат од гигантот Дојче Телеком и правилна маркетинг политика, овдешната подружница има можност уште долго време да доминира на пазарот.
Во меѓувреме Вие моментални или потенцијални инвеститори имате неколку опции (доколку ја слушате историјата):
- Да продадете пред пресекот на дивидендата и да купите кога ќе видите дно
- Доколку немате акции да купите, но после прсекот на ниска цена со цела да бидете ликвидни во текот на наредната година и да не продавате со загуба
- И третата опција е да си купите пред пресекот и во април да се освежите со нето дивиденда од 52 денари од акција
За крај да се вратиме на нсловот. Со 12% бруто принос акцијата на Телеком без проблем може да се нарече, дивиденден аристократ. Овој назив (можеби знаете) се користи за компаниите кои се најдарежливи кон нивните акционери. Со овој принос, Телеком секако го заслужува овој епитет.
Димитриоски Милан
*авторот не поседува акции на ТЕЛ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?





