До 10 часот гласале 9.49% од избирачите, тројката со најголема излезност
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2016
До 10 часот излезноста е 9.49% на ниво на Македонија, соопштуваат од Државната изборна комисија.
Во првата изборна единица гласале 11.05%, во двојката 9.70%, во тројката 11.36%, во четворката 11.29%, во петтата изборна единица 9.05% и во шестата 5.10% од избирачите.
Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, вели дека неколку граѓани поднеле до ДИК приговор за повреда на избирачко право, а комисијата има рок од четири часа да одлучи по пријавите на овие избирачи.
Процентот на излезност е извлечен од 95% обработени од вкупниот број на избирачки места.