ЕВЕ ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАТОТ ОД ПАНТЕЛЕЈМОН ДО СРЕДНО ВОДНО: Неколку возила заглавија во снегот вчера
Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2025
Општина Карпош им соопштува на своите граѓани дека патот меѓу Пантелејмон и Средно Водно во моментот не е безбеден за движење со моторно возило и апелира истиот да не се користи поради голомразица. Утрово на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот, информираа општинските власти на социјалните мрежи вчера.
„Надлежен за одржување на овој пат е ЈП „Македонија пат“, но за жал до сега по трасата ниту е фрлено сол, ниту е поминато со било какво возило за расчистување на снегот.
Патот во моментот е безбеден само за пешачење и секое тргнување по истиот со возило е на ризик на возачот на возилото.“ се вели во апелот објавен на фејсбук.