Добивај вести на Viber
До 2018 година сопствениците на приватни авиони ќе можат да купат модерна, суперсонична машина која ќе може да го прелета растојанието помеѓу Њујорк и Лондон за само 3 часа. Оваа удобност има своја цена : помеѓу 60 и 80 милиони долари ( 43-58 милиони евра ).
Создаден од тим инженери во Бостон , Спајк Еуроспејс S- 512 ќе биде најдобриот авион од бизнис класа , кој може да развие брзина до 1770 километри на час . Инженерите кои претходно работеле за воздушни гиганти како Ербас , Голфстрим и Бомбардиер , ги имаат поминато последните две години во развој на луксузниот авион.
Бизнис џетот ќе го поминува растојанието помеѓу Њујорк и Лондон за само 3 часа , а од Лос Анџелес до Токио - за 5 часа. Луксузниот авион ќе може да почне да пренесува од 12 до 18 патници во декември 2018 г. За момент, сепак, Федералната администрација за авијација забранува суперсонични летови над територијата на САД , бидејќи тоа би ги направило домашните летови, како оние помеѓу Лос Анџелес и Њујорк, помалку популарни во блиска иднина.
НАСА и Boeing работат на свој суперсоничен авион , кој ќе издава помалку бучава при преминување на звучната бариера .
" Постои можност за создавање на суперсоничен електричен авион што полетува и слетува вертикално" , пишува еден од креаторите на Спајк Еуроспејс S- 512 на блогот на креаторот на Тесла моторс, Елен Муск.
А.А.