Добивај вести на Viber
До година во Словенија ќе се воведе повисок данок на недвижнини. Ова го најави словенечката премиерка, Аленка Братушек
Таа повтори дека словенечката влада годинава нема да ги намали пензиите, а дали тие ќе останат исти и во 2014-та, ќе зависи од успехот во воведување на нови даноци, меѓу кои е данокот на недвижнини, со кој се прави праведна распределба на товарот од кризата и стабилизација на јавните финансии на сите социјални слоеви.
Данокот на имот во Словнија изнесува 0,6 отсто од вредноста на БДП, бројка која во развиените европски држави е барем три пати поголема.
Според словенечката премисрка, владата до 2015 година ќе мора да го намали буџетскиот дефицит на помалку од три отсто од БДП.