СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!
Објавено во: Балкан 01 Ноември, 2024 12:40
Српските медиуми јавуваат дека се урнал влезниот дел од Железничката станица во Нови сад. Новинарските екипи кои се на терен известуваат дека станува збор за многу сериозен и трагичен инцидент и посочуваат дека на самиот влез од Железничката станица веќе има голем број возила на итната медицинска помош, пожарникари и полиција.
Се шпекулира дека во трагичниот инцидент има голем број повредени луѓе, нема други детали, ниту пак се посочуваат причините за уривањето на влезниот дел на железничката станица во Нови Сад.
фото: Instagram
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




