До изборот на нова влада со МВР и со Собранието ќе раководат кадри на ДУИ
Објавено во: Македонија 27 Декември, 2016 13:27
Додека да се избере новата влада на чело на МВР и на Собранието ќе бидат кадри од ДУИ.
Утре ДИК ќе ги објави конечните резултати од изборите.
Во фотелјата на Трајко Вељаноски, како што објавија медиумите ќе седне најстариот пратеник Бранко Манојловски, кандидат на ДУИ и на православните Aлбанци, а со Министерството за внатрешни работи наместо Оливер Спасовски ќе раководи заменикот-министер во МВР Агим Нухиу исто така од ДУИ.
ДИК утре ќе им ги врачи и уверенијата на сите 120 пратеници кои освоија мандат на последните избори.
По партии освоените мандати изгледаат вака:
ВМРО-ДПМНЕ-51 пратеничко место,
СДСМ – 49 мандати,
ДУИ – 10,
движењето Беса – 5,
Алијанса на Албанците – 3 и
ДПА – 2 мандати.
Според Уставот, новоизбраните пратеници се состануваат на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори – краен рок е 31 декември.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




