18 Декември, 2025
0.0487

„До кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ?“: СДСМ бара одговори за расипаниот радар на аеродромот Скопје

Објавено во: Македонија 22 Септември, 2025 13:18

Добивај вести на Viber

Денес повторно гледаме како партизацијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ директно ги доведуваат граѓаните во опасност. Радар во Контролата на летање на скопскиот аеродром се расипал. Тоа значи дека секој авион што слетува во Македонија сега зависи од импровизација, бавни процедури и надворешни радари од соседни земји.
Ова го посочи денеска портпаролката на СДСМ, Слободанка Кузеска на пресконференција укажувајќи дека „ова не е само технички дефект, ова е последица на насилното вдомување на партиски кадри во една од најважните институции за безбедноста на сите нас“. 
- Наместо професионалци, таму се вработуваат луѓе по партиска линија и јасно е дека срга ќе гледаме хаос и импровизација.

И македонското небо е под ризик од партизацијата која ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ секој ден.

Власта беше глува на сите предупредувањата на контролорите дека клучната опрема, вклучително и радарите и софтверот, е на работ на функционалноста.

Новото раководство вети дека наскоро ќе се инсталира целосно нов систем но тоа не се случи.

Сега ќе понесе ли некој одговорност од власта? - прашува Кузеска. 

Таа дополни дека наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ ја претвори Македонската навигација во нов плен за партиски вработувања и договори за „своите“.

Граѓаните и патниците се изложени на ризик. Македонија изгледа несериозно пред светот. Институцијата што треба да биде симбол на професионализам е сведена на партиска филијала.

Ова е истиот модел кој го гледаме насекаде од здравството, до образованието, до јавните претпријатија. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се „вдоми“ во некоја институција, следуваат корупција, неработење и колапс.

Државата не смее да биде приватна фирма на една партија. Граѓаните заслужуваат институции што функционираат, кадри избрани по знаење.

Затоа, денес прашуваме:

Кој ќе ја преземе одговорноста за расипаниот радар?

До кога безбедноста на граѓаните ќе зависи од импровизациите на ВМРО-ДПМНЕ?

Уште колку институции ќе паднат во колапс пред ВМРО-ДПМНЕ да признае дека нивниот модел на владеење е опасен и погрешен? - истакна Кузеска и дополни дека граѓаните гледаат и паметат. 
Таа додаде дека СДСМ ќе продолжи да се бори за враќање на институциите на професионалците и на граѓаните, затоа што само така можеме да изградиме безбедна и сигурна Македонија.


М-НАВ, пак, информираа дека се работи на отстранување на дефектот на еден од радарите на Меѓународниот аеродром Скопје и дека тоа нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на авио - сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје