До кога градоначалниците и советниците ќе ги извршуваат своите надлежности?
Објавено во: Македонија 17 Март, 2017 15:06
Постојните градоначалници и членовите на советите на општините можат да ги извршуваат своите надлежности до средината на мај.
Ова денеска го соопшти Министерството за локална самоуправа.
„Поради настанатата ситуација произлезена од немањето на услови за распишување на локалните избори во законскиот рок, Министерството за локална самоуправа побара мислење од Министерството за правда, како надлежно за вршење на работите што се однесуваат на изборите. Согласно мислењето од Министерството за правда, постојните градоначалници и членовите на советите на општините можат да ги извршуваат своите со закон утврдени надлежности до завршување на рокот определен во членот 16 став (1) од Изборниот законик, односно до крајот на првата половина на месец мај, со цел да се обезбеди заштита на уставно загарантираното право на граѓаните на локална самоуправа преку обезбедување на континуирано вршење на надлежностите од страна на органите на општината (градоначалникот и советот)“- велат од Министерството.
Уставот на Република Македонија во членовите 114 и 115 го гарантира правото на граѓаните на локална самоуправа, како и правото на нивно непосредно и преку претставници (членовите на советите), учество во одлучувањето за прашања од локално значење.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




