ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: ЕУ оди во рецесија
Објавено во: Економија, Свет 10 Ноември, 2023
Европската унија веројатно ќе западне во рецесија до крајот на годината, изјави за „Фајненшл тајмс“ поранешниот италијански премиер и претседател на Европската централна банка Марио Драги.
Економијата на еврозоната во периодот од јули до септември е намалена за 0,1 отсто во однос на претходниот квартал, покажуваат прелиминарните проценки на статистичката агенција Еуростат.
„Речиси е сигурно дека ќе имаме рецесија до крајот на годината. Сосема е јасно дека тоа ќе го покажат првите два квартали од следната година“, изјави Драги Драги, пренесе весникот.
Пошироката економија на ЕУ, наводно, пораснала за 0,1 отсто во третиот квартал од годината, а Меѓународниот монетарен фонд претходно оваа недела соопшти дека очекува поширокиот европски раст да се врати на 1,5 отсто во 2024 година од 1,3 отсто оваа година.
Сепак, проценките на Драги за економскиот раст на ЕУ се „поконзервативни“, пишува ФТ
Марио Драги претседаваше со ЕЦБ од 2011 до 2019 година. Како слабости кои придонесуваат за економско забавување ги издвои ниската продуктивност во регионот, високите трошоци за енергија и недостатокот на квалификувана работна сила. Драги, исто така, рече дека Европа ја изгубила конкурентноста во однос на САД, Кина, Јужна Кореја и Јапонија во последните 20 години.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.