До крајот на март ќе бидат поставени 50 подземни контејнери во Скопје
Објавено во: Мои пари 08 Март, 2013 11:27
До крајот на месецот ќе бидат поставени 15 платформи со 50 подземни контејнери во Скопје. Екипи на Градот Скопје ја поставија и 10 платформа со подземни контејнери што ќе се постават во централното градско подрачје.
Како што соопшти Град Скопје, на пет локации ќе бидат поставени по четири контејнери од кои три ќе се користат за одлагање мешан отпад, а еден за ПЕТ амбалажа. На останатите 10 локации ќе се постават по три контејнери, два за мешовит и еден за ПЕТ амбалажа.
„Поставувањето на платформите и контејнерите се одвива според планираната динамика и до крајот на март ќе се инсталираат и пуштат во употреба сите 15 платформи, со 50 подземни контејнери“, се вели во соопштението.
Екипите на Градот Скопје поставија и две платфорни со по два контејнера на две локации и во општина Чаир. Со поставувањето и пуштањето во употреба на подземните контејнери ќе се подобри хигиената и изгледот на центарот на градот и на општината Чаир каде што веќе се инсталирани.
Носител на Проектот за поставување подземни контејнери е јавното претпријатие „Комунална хигиена“. За негова реализација се издвоени 33 милиони денари, од кои по 10 милиони инвестираат Градот Скопје и општина Центар, а 13 милиони ЈП „Комунална хигиена“.
Контејнерите се од словенската фирма АТРИК и се со зафатнина од три кубни метри
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





