ДОАЃА НОВ БРАН НА СМРТОНОСНИОТ ВИРУС: Алармот го вклучуваат српските епидемиолози-распуст од 15 декември
Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2021 08:49
Епидемијата на ковид
во Србија во последните денови полека стивнува, но тоа не значи дека треба да
прогласиме победа, бидејќи наскоро се очекува нов удар на смртоносниот вирус,
прогнозира епидемиологот и член на кризниот штаб, д-р Предраг Кон.
Според него, сегашниот пад на бројот на новозаразени е само „затишје пред бура“, бидејќи состојбата со епидемијата сигурно ќе се влоши поради враќањето на учениците на училиште, преполните одморалишта за време на продолжениот викенд, прославите и претстојните „шопинг лудила“ во трговските центри.
Д-р Кон изјави дека за 10 дена Србија повторно ќе има повеќе од 5.000 заразени дневно, а бројките ќе продолжат да „дивеат“ поради празниците што допрва доаѓаат Затоа лекарите апелираат на вакцинација и одговорно однесување.
- Ситуацијата е малку подобра и во овој момент „полесно се дише“. Но училиштата работат, па повторно ќе почне циркулацијата на вирусот меѓу учениците. Кога на тоа ќе се додадат сите неповолни епидемиски настани, како собири, прослави и „Black Friday“, се очекува бројот на заразени повторно да скокне. Така, во следните десет дена може да очекуваме зголемување на бројот на заболени. Сепак, се уште е рано да се предвиди јачината на тој удар - забележува д-р Кон.
Тој посочува дека воведувањето дека без масовна вакцинација, како долгорочно решение, нема излез од епидемијата.
Епидемиологот и член на Кризниот штаб проф. д-р Бранислав Тиодоровиќ дека причина за влошувањето ќе бидат преполните бањи и планински центри за време на продолжениот празничен викенд. Предлага зимскиот распуст за учениците да почне на 15 декември и да трае еден месец.
Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




