ДОАЃА НОВА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Северен ветер, дожд и грмежи
Објавено во: Македонија 01 Септември, 2023 11:39
Метеорологот Славчо Попоски вели дека до недела времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурите наутро ќе бидат многу пониски за разлика од изминатите утрини и тие ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 19 степени, во Скопје до околу 15 степени, максималните температури пак особено за време на викендот ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, во Скопје до околу 32 степени.
Во понеделник под влијание на влажна и посвежа воздушна маса од север, времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со локална појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, а температурите повторно ќе се намалат и максималните дневни ќе се икачуваат во интервалот од 20 до 29 степени. Во Скопје до 25 степени.
Потоа од вторник времето ќе биде претежно стабилно и суво со свежи утра, а преку денот ќе бида пријатно топло.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




