ДОАЃА УШТЕ ПОТОПЛО, НО ЌЕ ИМА И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО! Најнова прогноза на времето за претстојната недела
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2024
Африканскиот бран кој ја зафати Македонија никако да попушти. Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа дека претстојната недела доаѓаат уште повисоки температури. Во среда живата на терометарот ќе се искачи и до 43-тиот степен.
- Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Промена на временската состојба се очекува од петок - информираат од УХМР.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.