05 Декември, 2025
0.0324

Добиточните пазари под клуч поради болеста син јазик!

Објавено во: Агробизнис 22 Август, 2014 09:35

Добивај вести на Viber

Речиси сите добиточни пазари во земјава се затворени поради појвата на болеста син јазик кај добитокот. Информацијата за Фактор за потврдија и од Агенцијата за храна и ветеринарсство од каде што велат дека тоа е една од мерките кои се превземени за справување со оваа болест кај добитокот. Според информациите од АХВ, заклучно со вчерашниот ден регистрирани се вкупно 79 жаришта во 18 општини односно во 61 населено место. Според податоците од АХВ во овие жаришта има 261 говедо, 13.467 овци и 1.151 коза, од кои клиничка слика е утврдена кај 3 говеда, 23 кози и 832 овци. Исто така регистрано е угинување на 118 овци што претставува смртност од 0,88 отсто. Од АХВ велат дека со лабораториски тестирања присуство на вирусот син јазик и антитела е утврдено кај 20 говеда,192 овци и 17 кози. - Добиточните пазари ќе бидат затворени се до оној момент кога ќе утврдиме дека векторот т.е преносителот се смирува оти така се шири болеста, а животниот циклус на преносителот односно мушичките е до октомври, до тогаш ќе опаѓа нивниот развој и во ооној момент кога ќе нема нови клинички слики, ќе се повлекуваат жариштата, ќе се повлечат и мерките.Кај некои одгледувалишта е регистрирана поголема смртност на животни а кај некои помала. Причината за ова е што иако нашите ветеринарни доктори препорачале поголема нега на животните, појака исхрана или инфузија на заболените животни, сепак сточарите не ги примениле препораките и затоа кај нив има поголема смртност на добитокот. Се зависи од самиот сточар колку ќе ги одвои животните колку пати животното ќе биде нападнато од мушичките . Во моментов се пременуваат мерки, се прави мониторинг, има мерки за забрана на движење на добитокот, се следи секое болно стадо преку инспекторите и ветеринарните станиции, тие доставуваат секојдневно информации и по таа логика се повлекуваат мерките. Се работи за вирусна болест која ја има кај живтоните посебно кај говедата кои може да покажаат дека немаат клиничка слика а сепак се заболени. Вирусот не се пренесува од животно на животно, од човек на човек, ниту преку производите како млеко, месо тие се безбедни. Исклуливо мора да има преносител, во случајов тоа се мушичките, кои кога е многу топло и влажно како што е годинава имаат идеална подлога за размножување. Бидејќи е вирусна болест нема лек со кој може да се бориме со болеста, туку се превзема поголема нега, појака исхрана, инфузија за животните за да може да ја прележат болеста и да создадат антитела. Болеста трае 8 до 10 дена, вели Абдулезел Догани, заменик-директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.   Експертите во областа на сточарството велат дека болеста може да се спречи само со навремено превземање на превентивни мерки. - Оваа болест ја немаше кај нас подолго време, во моментов ја има во Бугарија,  и сега и кај нас ја имаме Струмичкиот и Беровскиот регион. Ситуацијата секако е алармантна.Тоа е вирусна болест која се пренесува од еден комарец, не се пренесува од животно на животно ниту од животно на човек и не е опасна за луѓето. Доколку имаше навреме третирање со одредени прашоци и прскање против комарци немаше да се појави болеста. Ако тие превентивни мерки навреме не се направат вирусот се шири и покрај тоа што добиточните пазари пазари се затворени,  се поставува прашањето што со комарците и мушичките,  тие не може да се спречат. Треба итно алармантно делување, за да не се случи она што се случи пред 10 години со шапот и лигавката. Значи надлежните треба да делуваат и да бидат постојано на терен.За животните главни клинични знаци, се зголемена температура, потење, намалување на производство и може да дојде до абортуси и до смртност,  тука е опасноста,  а не пренесувањето од животно на човек. Ние треба да делуваме во изворот,  треба да се спречи а не да се лечи, вели проф.д-р Ѓоко Буневски од Катедрата за сточасртво при Факултетот за земјоделски науки и храна. Последен пат во земјава оваа болест беше регистрирана во 2009 година. Смртноста од вирусот син јазик во светски рамки се движи од 3 до 4 отсто. Во моментов во Бугарија смртноста на заболениот добиток е 10 отсто,  а во Грција околу 3,4 отсто. Оваа болест кај животните предизвикува намалување на млечноста и волната.Најголеми штети ќе претрпат сточарите, кои ќе се соочат со намаленопроизводство или  угинување на животните. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?