Добивките на странските компании ги „набилдаа“ инвестициите во земјава
Објавено во: Економија 30 Мај, 2020
Нешто над 137 милиони евра изнесуваат свкупните директни инвестиции во земјава во првите три месеци годинава. Значи во првиот квартал евидентирани се толку пари по овој основ, а има зголемување на нето-приливите кај сите компоненти. Сепак најголем дел од средствата не се однесува на влез на нов свеж капитал туку на то ашто посточеки компании ја реинвестирале добивката во земјава. По таа основа како директни инвестиции во овој период се водат 86,3 милиони евра. Меѓукомпанискиот долг е 30,5 милиони евра и сопственички капитал за 20,5 милиони евра.
Сумата од 137, 3 милиони евра колку што се директнит еинвестиции во првиот квартал се значано повеќе од резултатот од првиот квартал лани кога по овој основ влегле 49 милиони евра.
Инаку во текот на цела 2019 година вкупните директни инвестиции во земјата изнесуваат 326,3 милиони евра. Од нив 219,9 милиони евра се нето-приливи по сопственички капитал, 101,8 милиони евра се нето приливи по реинвестирана добивка и 4,5 милиони евра по должнички инструменти.
Ова е лош резултат ако се споредува со годината пред тоа односно со 2018 година кога имаше своевиден рекод во овој поглед односно во тој период влегоа во земјата странски инвестиции вредни дури 624 милиони евра.
2019 година 326,3 милиони евра
2018 година 624,49 милиони евра
2017 година 181,73 милиони евра
2016 година 338,43 милиони евра
2015 година 216,72 милиони евра
2014 година 205,14 милиони евра
2013 година 252, 20 милиони евра
Вчера за резултатот од годинава се пофали и министерката за финансии Нина Ангеловска иако сепак сумата не се должи на влез на нов капитал.
А.Т.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.