ДОБРА ВЕСТ ДОАЃА ОД ГРЦИЈА: Оваа информација ќе им се допадне на нашите што одат таму на одмор
Објавено во: Балкан 07 Февруари, 2024
Почнувајќи од оваа пролет, Грција ќе имплементира нов систем за регулирање на организираните плажи и обезбедување пристап на јавноста.
Според новиот закон, најмалку 50% од површината на плажата ќе мора да остане достапна за јавноста - значи, без приватни лежалки.
Министерството за национална економија и финансии на Грција воведе нов закон за регулирање на плажите и крајбрежниот јавен имот во Грција, според кој површината што се издава повеќе не може да надминува 50% од вкупната површина на плажата. Процентот дополнително се намалува за областите означени со „Натура 2000“.
Новиот систем има за цел да го реши прашањето за приватно окупирање на јавните плажи. Грчкиот устав го признава крајбрежјето на земјата како јавно добро, обезбедувајќи им на граѓаните неограничен пристап во секое време.
Посебно, новиот закон ги нагласува аспектите како што се чистењето на плажите, обезбедувањето услуги, пристапот до објектите и присуството на спасители, пишува Real Greek Experiences.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.