Добра вест: музиката е ИН, давачките се АУТ!
Објавено во: Економија 18 Ноември, 2012 00:51
Проблемите за авторските и сродните права во музичкиот свет, не се само наши, туку и глобални. Последниве години и Меѓународната федерација на фонограмската индустрија открива дека се соочува со пад на продажбата на снимени музички дела. Токму поради овие причини тие се одлучуваат да ги намалат административните трошоци.
Деновиве интензивно се разгледуваат ваквите искуства во светски рамки со цел да бидат искористени нивните ефекти на домашен терен. Стопанската комора сакајќи да го оспори тарифникот за плаќање на слушањето музика, иницираше тело задолжено за собирање потписи од сите засегнати субјекти, за потоа да достави барање за измени на Законот за авторски и сродни права до Собранието на РМ.. Доколку тарифникот на ММИ стапи на сила, голем број на електронски медиуми информираа дека заедно со ТВ медиумите од Групацијата нема да емитуваат повеќе македонска музика или пак ќе воведат ценовник за гостување на изведувачите да обезбедат средства кои на крајот на годината ќе треба да ги уплатат на сметка на здружението на граѓани ММИ од каде првично најавија став. Владата ја поддржува заштитата на домашното творештво и продукцијата, но не смее да се дозволи нелогично да плаќаат голем број субјекти кои не би требало да плаќаат ваков вид на надомест. Музиката треба да преставува задоволство, а оваа одлука создава револт.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





