Добивај вести на Viber
Македонските живинари се соочуваат со вишок на јајца, што е невообичаено за овој период од годината. Иако пред неколку месеци имаше најава за поскапување на јајцата, сега живинарите велат дека цената на јајцата најверојатно ќе се намали.
-Во моментов се соочуваме со одредено количество на залихи, во просек се работи за еден ден од секојдневното производство, тоа останува непродадено. Вишокот не е проблем, само треба да се собереме и да разговараме за извоз, најверојатно како и претходните години вишокот јајца ќе се извезат во земјите од регионот. Моменталниот вишок на јајца ќе доведе до намалување на сегашната цена за едно јајце која се движи од 6 до 7 денари. Засега не можам со прецизност да кажам за колку отсто ќе биде намалувањето и кога ќе се случи, но тоа е неопходно, вели Вили Кичуков претседател на Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Македонија.
Дневното производство на јајца во земјава изнесува милион и триста илјади јајца, од нив еден милион се за покривање на домашните потреби, над 5 отсто се вонкласни јајца, а 300.000 јајца остануваат вишок.
Оваа година проблем е и намалената куповна моќ на граѓаните. Статистика пресмета дека трговијата на мало во прехраната и пијалаците е падната за дури 9 % за првите 11 месеци од 2012 во однос на претходната година.
Токму поради овој вишок на јајца што се јавува секоја година, но обично во летниот период, агробизнисмените пред четири години предложија ваквиот вишок да се реши со изградба на фабрика за јаце во прав. Тогаш идејата на живинарите беше капацитетот да биде комбиниран, односно да се произведува јајце и млеко во прав. Идејата за млеко во прав уште следната година ја изгуби реалната шанса за реализација, бидејќи млекопроизводство западна во криза па до ден денеска Македонија едвај има сурово млеко за ги покрие потребите на преработувачките капацитети. Но вишок на јајца има секоја година. Сепак од тогаш до сега, нема ниту еден заинтересиран за оваа мерка, иако мерката за кофинансирање секоја година ја има во Програмата за рурален развој, но досега никој не се пријавил за оваа мерка. Според пресметките на агробизнисмените изградбата на една ваква фабрика која ќе биде со најсовремена опрема, и ќе врши не само преработка на јајце, туку и на млеко во прав, чини близу 4 милиони евра, а само за јајце во прав околу два милиона евра. Според податоците од Агенцијата за храна и ветеринарство, Македонија увезува јајце во прав од Бугарија, Аргентина, Америка, Хрватска, Србија, Шведска и Холандија. Лани до ноември се увезле 258 тони јајце во прав, во 2011 година 264 тони, а во 2010 година 310 тони.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.