Добра земјоделска пактика (ДПЗ ) придонес за одржливо земјоделство
Објавено во: Агробизнис, Колумни 04 Март, 2020
Проф. Д – р Борис Анакиев
II дел
Добри практики во сточарството се оние кои управуваат со сточарските единици,така да се избегнуваат лошите последици за околината, заживотната средина и за благосостојбата на животните, избегнуваат биолошко, хемиско и физичко загадување на пасиштата,храната,водата и атмосферата, редовноја следат состојбатасо говедатаи соодветно го регулираат нивниот број, исхраната и поењето. Избират објекти и опрема со цел да се избегнуваат штети и губитоци, водат сметка да не се најдат во храната остатоци од користени лекови или други хемикалии, на минимум ја намалува примената на антибиотици, ги интегрираат сточарството и растителното производство за да се избегнат проблеми сврзани со загуба на прехрамбените состојки и одделување на гасови преку ефикасно регулирање на прехрамбените состојки, се придржуваат кон правилата за безбедност и ги применуваат утврдените стандарди за безбедност при користење на инсталациони машини и друга опрема во сточарството, водат евиденција за прирастот, за размножувањето, за загубите и продажбaта, го планираат производството на добиточна храна и снабдувањето со фуражот.
Добри практики сврзани со здравјето и благосостојбата на животните ги признава оние кои го намалуваат ризикот од инфекции и болести преку добро управување со пасиштата, безбедна исхрана, соодветна големина на стадата, и добри услови за нивниот престој, да води сметка за хигиената на животните, зградите и опремата за храна, да гарантира дека вработените се добро обучени да работат со животните и нивно лечење, да бараат совети од ветеринарите за да се избегнат болести и здравствени проблеми, да обезбедуваат добра хигиена во зградите преку редовно чистење и дезинфекција, да обезбедат и купуваат ветеринарни производи само пропишани и одобрени, да обезбедуваа постојано и во доволни количини здрава и чиста вода и храна, да се избегнуваат озледи и насилни процедури како што се сечење на опашка,деформација на клунот, да се намалува транспортот на живи животни, животните да се одгледуваат грижливо и да се избегнува употрба на инструменти како што е електричен остен, да се одгледуваат во соодветни социјални групи таму каде што е можно, да не се охрабрува изолација на животните во кафези како што се кафези за телиња или одделенија за свињи, освен ако не се работи за повредени или болни животни.
Добра практика кај прибирањето, примарната преработката и чувањето на земјоделските производи подразбира: да се сообразува со преджетвена процедура, да се осигура безбедна работа при преработка на производите на фармата. За измивање да се користат препорачани препарати и чиста вода, чувањето да се врши во хигиенски и еколошки услови, да се пакуваат прехрамбрените производи во чисти и прилагодени садови во транспортот од фармата, да се користат хумани методи при третирањето пред колењето соодветни за поедини видови животни, да се обезбеди надзор и обука на персоналот и поддршка на опремата.
Добри практики сврзани со управувањето на енергијата и отпадот,се сметаат оние кои применуваат планови за определен тип на вложувања и продукција за користење на енергијата на фармата за храна и агрохемикалиите со цел да се осигура ефикасно користење и безбедно отстранување на отпадоците, да се применуваат практики кои економисуваат енергија во градење на постројки,во големина на машинскиот парк и негово одржување и користење, да применуваат алтернативи во користење на фосилна енергија и други енергетски извори како ветер, сонце, биогориво со примена таму каде што е тоа можно, да ги рециклираат биолошките отпадоци , да ги намалуваат отпадоците кои неможат да се искористат и да се однесуваат кон нив одговорно, да ги чуваат ѓубривата и другите хемиски средства на сигурно место во согласност со законските регулативи, да воспостават процедури за можно дејствување за намалување на ризиците од загадување и други инциденти, да водат точна евиденција за користење,чување и располагање на енергијата.
Добрите практики сврзани со човечкото здравје и безбедност се оние кои ги управуваат сите земјоделски практики за постигнување оптимален баланс помеѓу: економските, еколошките и социјалните цели, обезбедуваат соодветен доход во домаќинството и безбедна храна, се придржува кон безбедни процедури на работа преку флексибилно работно време и предвидени периоди за одмор, ги обучуваат сите што работат за безбедно и ефикасно користење на инструментите и машините,плаќаат разумен надоместок за работа и не ги експлоатираат работниците особено жените и децата.
Добри препораки сврзани со живиот свет и пеисажот се однесуваат на идентификација и чување на местата на дивите животни, како што се изолирани поединечни дрвја на имотот на фармата,воведување на можност најголема разнообразност за култури на фармата, го минимизираат влијанието на обработката на почвата и користењето на хемикалии врз дивите животни, ги штитат границите на полето со цел да ги редуцираат штетните плевели и да потикнуваат разнообразна флора и фауна преку соодветни сорти, управуваат водните базени и подводни површини со цел да ги охрабрат дивите животни да го елиминираат загадувањето, да ги контролираат оние видови на растенија и животни чие присуство во фармата е доказ за добра еколошка практика.
Воведувањето и примената на добра земјоделска практика не носи на фармите брзи финансиски резултати, меѓутоа сигурно ќе даде придонес за создавање на представа и имиџ за фармата, а со самото тоа сигурно и трајна предност на пазарот, каде се обезбедува сигурен пласман и повисока цена на производите.
Значењето на воведувањето на добри земјоделски практики е особено важно за општеството, бидејќи таквото примарно земјоделство има непроценлив придонес во заштитата на животната средина и одржливо производство. Од тие причини е потребно, Државата со аграрната политика да обезбеди соодветно место и финансиски средства за побрзо спроведување на добрата земјоделска практика од страна на нашите земјоделци.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.