17 Декември, 2025
0.0868

Добрите економски вести од САД ја зголемија цената на нафтата

Објавено во: Економија 20 Јули, 2013 19:30

Добивај вести на Viber

Поради добрите деловни и економски вести од Соединетите Американски Држави, цените на сировата нафта утрово пораснале, иако профитите го ограничиле растот на цените, наведуваат аналитичарите.

Американската лесна нафта за терминска испорака во август порасна за еден цент на 108,05 долари за барел, откако вчера поскапе за 1,56 долари на највисоко ниво од март минатата година.

Еден барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон поскапе за седум центи на 108,77 долари.

Порастот на цените на нафтата во Њујорк го следеше сличен развој на настаните во Волстрит, по податоците кои покажаа дека бројот на луѓе кои се пријавиле за бенефиции за невработени е неочекувано намален, а регионалната преработувачка активност неочекувано пораснала.

Сите големи светски извозници на нафта не мора да се грижат бидејќи цените на берзите на примарните енергетски ресурси ќе продолжат да бидат високи, оценуваат руски експерти.

Глобалната побарувачка на нафта ќе се зголеми умерено во иднина, но во текот на следните неколку години  значително ќе се промени сегашното ниво на цените на нафтата од околу сто долари за барел, велат руските експерти.

Таквото ниво на цените на нафтата ќе овозможи главните производители и извозници на суровини и во наредниот период да одржуваат рамнотежа помеѓу буџетските приходи и расходи и во исто време да обезбедат развој на нови технологии во производството. Тоа ќе влијае и врз ценовната ефективност на алтернативни извори на енергија.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас