Добрите вести за вакцината ја зголемија цената на нафтата
Објавено во: Економија, Корона Вирус 21 Јули, 2020
Се зголемија цените на нафтата.
Тие денеска скокнаа на највисоко ниво од март по вестите за клинички испитувања на вакцината против Ковид-19 и договорот на лидерите на Европската унија за фондот за економско закрепнување од последиците од кризата.
Северноморската нафта „брент“ се зголеми за 1,27 долари на 44,55 долари по барел на тргување во Лондон околу пладне, што е најголем дневен скок од средината на јуни, од околу 2,9 проценти, објави Ројтерс.
Американската WTI нафта зајакната за 1,16 долари, достигнувајќи ниво од 41,97 долари за барел, истовремено забележајќи најголем пораст на дневна основа овој месец, од околу 2,8 проценти.
За растот на цената придонесе договорот на лидерите на Европската унија за фонд вреден 750 милијарди евра (859 милијарди долари) за стимулирање на закрепнувањето на економијата погодена од кризата, што ги подобрува изгледите за раст на побарувачката за гориво.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.