Добрососедските односи не ги измислила Бугарија, порачува Захариева на Македонија
Објавено во: Македонија 01 Октомври, 2020
Бугарската шефица на дипломатијата, Екатерина Захариева вели дека добрососедските односи не ги измислила Бугарија и тие се основен услов и критериум за членство во ЕУ.
Додаде дека Македонија мора да го почитува и спроведува Договорот за пријателство и добрососедство.
„Гоце Делчев е едно од многуте прашања што треба да се решат. Ние инсистираме на добрососедство што не е критериум за членство во ЕУ кој го измисли Бугарија, туку е европски критериум и треба да се надгледува во преговарачката рамка“, вели Захариева за бТВ, пренесува БГНЕС.
Во изјавата таа тврди дека бугарската страна повеќепати повикувала на враќање на спроведувањето на договорот.
„Работата на комисијата беше запрена пред една година, еднострано од Скопје“, вели Захариева.
Според неа, историјата мора да се препознае како што е и за неа има доволно автентични пишани извори.
Собранието во Бугарија го преименува празникот 24 мај - наместо на се словенската, во Ден на бугарската писменост.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.