„ДОДЕКА ЈАС ИМАМ КАРИЕРА ЌЕ СЕ ЗБОРУВА ЗА САШЕ“: Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска се прости од новинарот - Нè напушти другар
Објавено во: Македонија 06 Август, 2024
Адвокатката
Сузана Јошевска Анастасовска по веста за смртта на новинарот Саше Димовски се
прости од него со објава на Фејсбук во која го потенцира неговото професионално
значење во правосудните кругови.
-Во правосудни кругови, додека јас имам кариера ќе се зборува за Саше, зошто пред него немало, а после него нема да има таков човек. За тоа дека загубивме "гугл" на "тајните" врски во судството ќе оставам сите да осетиме празнина. И ќе осетиме.
Јас ќе бидам тажна за другарот Саше, напиша познатата адвокатка.
Ќе ми фалат пренковите кои им ги правеше на нашите вработени
на телефон, ќе ми фалат меѓусебните зафрканции за трчањето и неговиот
недостаток, ќе ми фали неговиот смисол за хумор, пред се, на своја сметка.
Ајде Саше.
Светол пат.
фото: ФБ