ПАТИКИ, РАЧЕН АЛАТ, ЦИГАРИ, ЕВЕ КАКО СЕ ОТКРИЕНИ ШВЕРЦЕРИТЕ: Царината заплени разна стока
Објавено во: Македонија 06 Август, 2024 11:00
За време на продолжениот викенд и во текот на вчерашниот ден
царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење на разна стока и
тоа:
- 62 пара патики, 37 парчиња рачен алат штрафилици, 5 парчиња брусалки, 7 парчиња батерии со полнач, запленети на влез во државата на граничен премин Табановце. Непријавената стока е пронајдена во патничко моторно возило со странски регистарски таблички. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави, возачот изјавил дека има само лични работи, но при преглед на возилото во багажниот простор, на задните седишта и под нив, во најлонски кеси и торби е пронајдена непријавената стока. Стоката е привремено задржана, а против лицето е поведена прекршочна постапка.
- 26 штеки цигари откриени од страна на мобилните царински тимови на влез во државата на граничен премин Богородица, во два одвоени случаи. Во првиот случај откриени се 12 штеки цигари во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички. Непријавените цигари се пронајдени во кабината и во надворешниот дел на влекачот од товарното возило. Во вториот случај 14 штеки цигари се откриени исто така во товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, во кабината на влекачот и во странични шуплини од возилото.
Во двата случаи стоката е задржана, а против возачите е поведена прекршочна постапка.
- 11 штеки цигари откриени од страна на царинските службенци на граничен премин Богородица, во патничко моторно возило со македонски регистарски таблички пријавено за влез во државтат. Непријавените цигари биле пронајдени во просторот за багаж во задниот дел од возилото, во просторот околу резервната гума како и на задното седиште од возилото. Цигарите се привремено задржани, а против патникот е поведена соодветна постапка.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




