29 Септември, 2024
0.0253

ДОДЕКА КОМПАНИИТЕ РЕАГИРААТ, ИНСПЕКТОРИТЕ КОНТРОЛИРААТ - и во последната недела се ставаше клуч на врата, настрадаа четворица газди

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Додека компаниите бараат измени на законските решенија со кои од стартот на годинава недела е прогласена за неработен ден, а со кои би им се дозволило самостојно да одлучуваат дали ќе работат во недела или не, трудовите инспектори продолжуваат со контролите во неделите, за да видат кои газди ги кршат законите и соодветно да ги санкционираат.

Во последната недела што измина биле изречени мерки клуч на врата кај најголем број работодавачи досега, односно вкупно кај четворица за еден ден, и сите тие биле од доменот на трговијата. Биле направени и поголем број на контроли во однос на претходните денови.

„Ве информираме дека Државниот инспекторат за труд ќе продолжи со вршење на вонредни инспекциски надзори во ден недела поради доследна примена за одредбите од Зконот за работни односи и Законот за трговија.Заради поголема контрола врз спроведување на законските одредби на ден 06.02.2022 година извршени се вкупно 48 вонредни инспекциски надзори во девет региони, од страна на дежурните инспектори“, соопшти на својата веб страница Државниот трудов инспекторат.

Во текот на контролите, како што информираат од трудовата инспекција, биле утврдени неправилности кај 18 работодавачи кои не го почитувале Законот за работни односи и Законот за трговија, при што биле донесени неколку инспекциски мерки, каде доминираат опомените.

„Има решение опомена кај вкупно 14 работодавачи, заради непочитување  на одредбите од Законот за работни односи според чл.134 ст.7 или по други основи, како и решение забрана кај четворица работодавачи заради непочитување на одредбите од Законот за трговија чл. 50-а ст.3. Кај другите 30 работодавачи не се утврдени нерегуларности или имаат доставено известување за работа во недела до Државниот инспекторат за труд“, се вели во последната информација од ДИТ.

Во претходната недела, пак, биле извршени вкупно 46 вонредни инспекциски надзори, при кои биле утврдени неправилности кај седум работодавачи кои не ги почитувале Законот за работни односи и Законот за трговија, и биле донесени седум опомени поради непочитување на одредбите од Законот за работни односи, додека, пак, кај другите 39 работодавачи не биле утврдени нерегуларности или имале доставено известување за работа во недела до Државниот инспекторат за труд.

И додека инспекциите работат на терен, од бизнисот се повеќе стигнуваат забелешки за ова законско решение.

Претседателот на Стопанскатa комора на северозападна Македонија Неби Хоџа за Клик плус на ТВ 21 рече дека недела неработен ден не е добар за економијата, како и дека од оваа комора не биле согласни со таа одлука. Многу работници се отпуштија, само една компанија отпушти 150 работници како резултат на таа одлука“, нагласи Хоџа.

Завчера со реакција се јавија и од Стопанската комора на Македонија. Оттаму предупредија дека во дејностите на кои им е дозволено работење во недела се испуштени суштинските дејности, како градежништвото или трговијата, кај кои е неопходен континуитет во работните процеси. Според комората, наместо добрата намера на власта, овие закони би можеле да предизвикаат спротивен ефект, односно затворање на капацитетите и намалување на бројот на работни места. Од тие причини предлог на комората е да се изменат законските решенија, со кои компаниите би можеле самостојно да одлучат дали ќе одмораат во недела или не, согласно динамиката и спецификата на нивната дејност. Од комората сметаат и дека сегашното законско решение многу фирми става во нерамноправна положба.

Од комората сметаат дека одлуката за недела неработен ден не само што може да предизвика евентуални финансиски загуби, туку ќе претставува и ризик од хаварии, ризик по здравјето на вработените и безбедноста при работа, а ќе предизвика намалување на конкурентноста на фирмите, но се можни и отпуштања.

Всушност, фирмите од комората сметаат дека е потребна флексибилност, а акцентот мора да се стави на инспекцискиот надзор и на доследното почитување на работничките права, што вклучува и исплата на додаток за работа во недела.

Орде Ѓорѓиоски од „Витаминка“ Прилеп, смета дека законот мора да ја поддржува четирисменската работа.

„Да се овозможи со пријава до Инспекторатот за труд кои компании сакаат, да работат, но и на работниците да им исплати додаток на плата“, потенцира Ѓорѓиоски.

Нена Николовска од секторот градежништво, пак, нагласи и дека новото законско решение не е во интерес на сите работници, бидејќи ја скратува и можноста за заработка на оние работници кои сакаат да заработат повеќе.

Даниела Михајловска од СКМ рече дека ако се постигне соодветно решение за „недела неработен ден“, комората на 18 февруари, на денот на одбележувањето 100 години од своето постоење, ќе ја повлече Иницијативата доставена до Уставниот суд за поведување постапка за оценување на уставноста на двете законски решенија. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија