07 Октомври, 2024
0.0239

ДОДЕКА СЕ БАРА УКИНУВАЊЕ: Синдикатот на УПОЗ побара К-15 да важи и за јавниот сектор!

Објавено во: Економија 09 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Исплатата на регресот за годишен одмор не смее да се прекине, порачуваат членовите на Синдикатот на работниците од Управата, Правосудните органи и Здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ). Од УПОЗ велат дека и јавниот сектор треба да го потпише Општиот колективен договор за исплата на регресот К15, за да биде во рамноправна положба  со приватниот сектор. -Ние сме против укинување на исплатата на регресот за годишен одмор К15, тоа е право на работникот. Но сметаме дека приватниот и јавниот сектор треба да бидат рамноправни. Тоа значи дека регресот треба да се исплаќа и во јавниот сектор. Во интерес на работниците е потпишување Општ колективен договор и за јавниот сектор и враќање на регресот за годишен одмор што се исплаќаше до 2005 година - вели за Фактор претседателот на УПОЗ, Пецо Груевски. Против укинувањето на исплатата на регресот и изнаоѓањето на други модели за исплата се огласија и потписниците на Синдикалната повелба, на која се потпишани неколку синдикати и граѓански здруженија. -Потписниците на Синдикалната повелба најостро реагираат против ова најново поткусурување на правата на работниците и им порачуваат на работодавачите, за финансиските потешкотии со кои се соочуваат, да се обратат до владата која ги генерираше лошите услови за стопанисување, а не, како по навика, да им ги кратат правата на работниците, чиј труд, за жал, најчесто се користи за збогатување. Работниците не смеат да бидат инстанца во стопанските процеси врз чиј грб ќе се амортизираат финансиските проблеми на деловните активности на секој кој се одлучил да стопанисува. Општеството чиј конституент сме сите граѓани, воедно и работници, очекува и од организациите на работодавачи и од синдикатите кои сакаат да се легитимираат како репрезентативни, да ја преземат одговорноста на квалификацијата социјални партнери и, наместо на намалување на работничките права, конечно да почнат навистина да работат на нивно зголемување, се наведува во соопштението на Синдикалната повелба. И од Синдикалната повелба бараат да се дискутира за проширување на правото на регрес за годишен одмор за тоа да важи и за вработените во јавниот сектор. Укажуваат дека укинувањето на задолжителната исплата на регрес за годишен одмор ќе значи сериозно намалување на работничките права. На вчерашниот состанок помеѓу Организацијата на работодавачи и Сојузот на синдикатите беше договорено да продолжат со разговори за да се утврдат модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор. -Од страна на социјалните партнери беа презентирани ставовите за повеќе прашања од кои и за регресот за годишниот одмор. Ставовите беа насочени кон прашањата за начинот и висината на исплатата на регресот за годишен одмор врз основа на анализата која ја презентираа социјалните партнери. Социјалните партнери се договорија и натаму да продолжат разговорите со цел да се утврдат модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор, стои во соопштението на Организацијата на работодавачи. Укинување на исплатата на К15 првично побараа од Организацијата на работодавачи, кои посочија дека за ваквиот предлог  добиле позитивно мислење и од  синдикатот. По нив укинување на исплатата на К15 побараа и стопанските комори, кои пак посочија дека за да ја запазат законската обврска биле принудени да земаат и кредити. Бизнисмените посочија дека сега кога земјава се наоѓа во политичка криза за нив е невозможно да се наметнува обврска за исплата која за фирмите значи дополнителен трошок. Обврската за исплата на годишен регрес за одмор беше укината во 2005 година и по девет години, со последните измени на Општиот колективен договор за приватниот сектор потпишан помеѓу ССМ и Организацијата на работодавачи, обврската за исплата повторно се воведе лани, и е со важност од само две години, што значи дека  по 2015 година, мерката ќе престане да важи, доколку не се направат нови измени. Т.С  

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип