20 Декември, 2025
0.0498

Доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за школување во Меѓународното училиште „НОВА“

Објавено во: Мои пари 18 Мај, 2015 11:33

Добивај вести на Viber

Меѓународното училиште „Нова“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ десетта година по ред го спроведе проектот за стипендирање на талентирани ученици. Анастасија Марковска од ОУ „Александар Здравковски“ од Јегуновце, Витан Черепналковски од ОУ „Коле Неделковски“ и Теодора Павловска од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ од Скопје се овогодишни добитници на целосни стипендии за четиригодишно школување во гимназијата „Нова“. Борјан Гаговски од основното училиште „Нова“ е прогласен за академски ученик на „Нова“ со право на целосна стипендија за четиригодишно школување во гимназијата. Стипендиите се доделени врз основа на резултатите кои учениците ги постигнаа на тестовите по англиски јазик, математика, есејот на зададена тема, како и на интервјуата со комисијата.

На официјалната церемонија, покрај претставници на семејствата на идните стипендисти, нивните наставници, како и учениците-добитници на оваа стипендија од претходните генерации, присуствуваше и г-ѓата Вилма Трајковска.

- Среќни сме што пред нас стојат млади и исклучително талентирани ученици кои ќе бидат носители на стипендијата „Борис Трајковски“ и воедно ќе претставуваат дел од мисијата и идејата на мојот сопруг дека младите и нивното образование се најважни двигатели на едно општество. Тој беше голем поддржувач и пријател на „Нова“ и по десет години, со задоволство можам да кажам дека би се гордеел со постигнувањата на учениците од изминатите генерации носители на оваа стипендија – изјави г-ѓата Трајковска.

Овие стипендисти исто така ќе бидат поддржани од  фондацијата „Борис Трајковски“ и меѓународното училиште „Нова“ во текот на нивното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни лидерски проекти и натпревари каде ќе имаат можност да ја претставуваат мисијата и визијата на училиштето и на фондацијата, но и на својата држава.

Програмата започна во 2005 година и досега ја завршија седум успешни генерации на матуранти, кои образованието го продолжија на врвни американски и европски универзитети.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии