Доделено Признание за Македонски квалитет 2016 година, за компанијата Мирана
Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2016 15:45
Денес под покровителство на Претседателот на Република Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија се одржа свечена промоција на која се доделуваа признанија за македонски квалитет за 2016 година. На промоцијата која се одржа во музејот на македонската борба, едно од десетте признанија и беше доделено на компанијата Мирана.
Признанијата ги доделија Претседателот на Република Македонија, д-р ЃоргеИ ванов и Претседателот на Сојузот на стопански комори, г-ѓа Данела Арсовска.
Признанието беше доделено како потврда за успешната работа, постојаниот раст и развој и следењето на светските трендови. Мирана е компанија со традиција во создавање на македонски бизнис идентитет и амбасадор кој успешно го промовира македонскиот квалитет на национално и глобално ниво.
За достигнување на овие успеси,
Мирана вложува во истражување на пазарот и подобрување на рецептурите, како и
постојано воведување новитети во работата и производниот процес.
Особено внимание се посветува на проширување на пазарите, каде заложбата е
влез со квалитетен производ кој ќе опстои на пазарот.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




