16 Декември, 2025
0.0587

„ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ВАУЧЕРИТЕ ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМИ СОГЛАСНО ПРЕДВИДЕНАТА ДИНАМИКА“: акцијата ќе продолжи и утре на истите локации

Објавено во: Економија 07 Ноември, 2024 12:37

Добивај вести на Viber

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека во добар ред и согласно предвидената динамика започна доделувањето на вредносни ваучери за домаќинства за купување и поставување на инвертер клима-уреди. 

- Денеска, навремено беа отворени сите 30 локации низ државата, кои се предвидени за полесно и поефикасно доделување на ваучерите.

Локациите се достапни за граѓаните од 9 до 17 часот, при што може да ги подигнат ваучерите. Министерството ги извести добитниците на ваучерите преку медиумите, веб-страницата на Министерството и преку СМС-пораки дека доделувањето се одвива по следниов распоред:

• Скопје – СЦ „Борис Трајковски“ од 9 до 17 часот

• Битола – Спортска сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот

Во останатите градови, подигнувањето на ваучерите е организирано во центрите за вработување, за што Министерството склучи меморандум за соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија - стои во соопштението испратено од Министерството за енергетика.

Министерството изразува задоволство од големиот интерес на граѓаните и тоа што голем број од добиниците пристигнуваат да ги подигнат своите ваучери. Процесот тече непречено, благодарение на ангажирањето на сите расположливи капацитети и кадар на Министерството за ефикасно, брзо и адекватно доделување на ваучерите.

- Министерството внимателно го следи процесот и во оваа прилика сака да ја информира јавноста дека и во текот на утрешниот ден ќе има доделување на ваучери на истите локации во Скопје и Битола. За граѓаните кои нема да можат да ги подигнат ваучерите, обезбедена е дополнителна флексибилност – тие ќе можат да ги подигнат ваучерите до крајот на месецот во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини - се нагласува во соопштението. 

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност